Вработените во грчката царина од денеска почнаа да штрајкуваат. Границата е затворена, поради што утрово на Граничниот премин Евзони е регистриран голем застој на возила. Очевидци посочуват дека на еден час се пропуштаат само по неколку автомбили. Камиони не се пропуштаат.
Од граничниот премин Ники (Меџитлија) пак, во Грција може да се влезе само пеш. До недела на полноќ, нема да се пропуштаат ниту автомобили ниту камиони.
Тридневниот генерален штрајк е во организација на Федерацијата на цариници на Грција во кој учествуваат царинските служби на сите гранични премини.
Како што е најавено, штрајкот на грчките цариници ќе трае до понеделник, 22 мај.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Расистички скандал во Грција: Коментатор нарече црномурест играч „мајмун“
-
Тензии на граница, мигранти од БиХ насилно се обиделе да влезат во Хрватска
-
Нова демократија: Владата се наоѓа во распаѓање поради Договорот од Преспа
-
Воружен инцидент на границата со Грција: Војници на АРМ отвориле оган во обид да спречат поголема група мигранти да влезат на македонска територија!