Сезоната на венчавки е во полн ек и на секоја невеста ѝ е потребна венчаница каква што отсекогаш посакувала. Тоа е еден од најважните денови во животот и нормално е да посакувате венчаницата да биде единствена и совршена. Освен дизајнерските венчаници, сè поголем број познати трговски марки во својата понуда имаат невестинска колекција.
Кои се најголемите трендови за оваа сезона?
Класични венчаници
Традиционалните венчаници никогаш не излегуваат од мода и секогаш ќе има жени и девојки кои ќе одберат традиционален модел на венчаница.
Бохо венчаница
Бохо-стил е еден од големите трендови оваа сезона, а не ги заобиколи ниту венчаниците. Сѐ поголем број девојки наместо класични, одбираат венчаници во боемски стил или познат и како бохо-стил, со венче во косата и со ненаметлива шминка.
Кратки венчаници
„Откачените“ девојки и жени секогаш сакаат да бидат поинакви. Често се решаваат за кратки венчаници во кои изгледаат многу слатко.
Костум за венчавка
Некои жени едноставно не сакаат да носат фустани и поради тоа избираат панталони, дури и за венчавката. Овие костуми може да изгледаат многу женствено и елегантно.
Венчаници со В-израз
Еден од големите трендови оваа сезона се венчаниците со необични изрази, впечатливи околувратници и длабоки деколтеа.
Голи раменици
Голите раменици секогаш се актуелни кога станува збор за венчаници, а голем број такви модели претстави и Оскар де ла Рента. Овие венчаници никогаш не излегуваат од мода, невестите сакаат да ги носат, посебно оние што се венчаваат во лето.
Венчаници во боја
Ако навистина сакате да бидете оригинални и поинакви, носете венчаница во боја. Бојата на слоновата коска, шампањ-бојата и крем-бојата се во тренд неколку години, а оваа година посебно се истакнаа венчаниците во розова и во нежна сина боја.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.