Најстарата икона со ликот на Свети Климент од 13 век и една копија на фреска на која се претствени Свети Кирил Солунски и неговиот ученик Свети Климент насликана од 1045 година се само дел од триесет и осумте дела кои ќе бидат изложени во Рим.
Станува збор за 18 фреско копии сопственоста на Завод и Музеј Охрид и две од музејот Македонија ,5 икони од колекцијата на галеријата во Охрид и фотографии како артефакти.
Експонатите кои го претстaвуваат нашето богато културно наследство се осигурани на соодветни суми и со строго пропишани правила и процедури се транспортираат надвор од земјава.
Изложбата во папскиот музеј во Рим ќе биде отворена на 23 мај и ќе биде посветена на ликот и делото на Свети Кимент Охридски патронот на градот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.