| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски: Нема да ме изненади ако „Џонсон контролс“, наместо 1.500, обезбеди 2.000 вработувања (ВИДЕО)

Ова е многу значајна инвестиција за Струмица, прва од ваков поголем вид, долго работевме на неа како економски тим во Владата. Минатата година ја ветив тука во Струмица и сега почнува реализацијата на делот што е „гринфилд“, односно на изградба на нова фабрика. Треба да се вработат 1.500 луѓе како директни вработувања, плус поголем број на луѓе како индиректни вработувања, изјави за телевизија „Нова“ лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.

gruevski-izjava

Груевски вели и дека ова е инвестиција вредна околу 20 милиони евра, што ќе овозможи вработувања не само во Струмица, туку и во поширокиот регион. Тој додаде и дека често пати „Џонсон контролс“ знае да го надмине бројот на планирани вработувања, како што е случајот во Скопје и во Штип.

Нема да бидам изненаден ако наместо 1.500 дојде до 1.800 или 2.000 вработувања, плус оние индиректни вработувања коишто секогаш доаѓаат со еден ваков голем конгломерат, рече Груевски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top