| четврток, 6 декември 2018 |

Избори по Заев или по странците: Со кој датум ќе настапи СДСМ откако отпадна 5 јуни

SDSM 18ti kongres 03 (Custom)

Што по одложувањето на изборите на 5 јуни, кој е следниот датум за кој разговара раководството на Социјалдемократскиот сојуз?

Повикувајќи се на партиски извори, „Дневник“ пишува дека не постои едногласност во партијата за новиот датум со кој би настапила на идните политички договарања, односно за Зоран Заев не бил прифатлив ниту еден друг термин освен избори наесен, додека, пак, другите членови во раководниот тим, сметале дека треба да се поддржи ставот на странците, за кои, најприфатлива е формулата за предвремени парламентарни избори заедно со локалните – следната пролет, 2017 година.

Истите извори за Дневник тврдат дека партиската позиција на Заев веќе некое време е на стаклени нозе, не само заради внатрешниот револт на членството, туку и поради граѓанскиот фактор, кој во повеќе наврати за време на протестите извикуваше пароли против него. Во есенскиот датум Заев гледа осигурување на својата челна позиција, бидејќи и членството е свесно оти досега изборите се одложуваа поради неподготвеноста на првите луѓе и стравот од фијаско.

Заев се плаши за својата позиција ако не се случат избори наесен. Тој е свесен дека ако нема избори во септември-октомври, ќе ја изгуби фотелјата,  оти со многу клучни чекори покажа дека не стои цврсто на нозе, дека лесно отстапува од своите позиции, ги менува ставовите. Од друга страна, пак, тука се и рејтинзите за поддршка – според кои, тој, и покрај се, има далеку помал рејтинг од Груевски, коментира партискиот извор на Дневник.

Ќе успеат ли сопартијците да го убедат Заев да ги прифати сугестиите на странските фактори, ќе покажат деновите што следат. Тоа што е извесно и официјално последно кажано од претседателот на СДСМ е „избори наесен“.

Избори може да има тогаш кога претседателот на ДИK ќе каже дека се исполнети условите, а Избирачкиот список е исчистен. Ако тоа се случи наесен, тогаш изборите може да бидат тогаш, ако е тоа до крајот на годината, тогаш изборите може да бидат тогаш, рече лидерот на СДСМ, Зоран Заев во интервју за австриски „Дер стандард.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top