Годинешниов Евросонг, 61. по ред, ѝ донесе победа на Украина и на нејзината претставничка Џамала, меѓутоа сѐ погласни се шпекулациите дека во тек на натпреварувањето имало многу нерегуларности.
Победничката песна „1944“ наводно би можела да биде дисквалификувана бидејќи постојат видеоснимки кои докажуваат дека песната е испеана уште минатата година во мај, иако правила на Евровизија налагаат песната да не е изведувана пред септември претходната година, правило кое е воведно во 2013 година.
Значи Џамала наводно песната ја испеала една година претходно.
Фановите на Џамала ја оспоруваат автентичноста на доказите, додека за другите ова е јасен знак дека на Украина треба да ѝ се одземе победата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.