Синоќа во НБА-лигата беше одигран вториот натпревар од финалната серија во западната конференција.
Во Оукленд актуелниот шампион Голден стејт не дозволи ново изненадување на домашен терен и со победа над Оклахома од 118-91 го изедначи резултатот на 1-1.
Се разбира, херој на Вориорс беше Стеф Кари, кој со 15 поени за само две минути во третиот период го отпиша противникот. Во еден момент, борејќи се за топка тој одлета во трибините по што „запре здивот“ кај домашните навивачи, но сепак, не се работеше за повреда. Натпреварот го заврши со 25 поени, два скока и три асистенции, Клеј Томпсон постигна 15, но изненадување за Оклахома беше резервниот играч Мариз Спејтс, кој реализира 13 поени.
– Во текот на целата сезона одлично реагираме по поразите или неубедливите победи. Тоа и сега го направивме – изјави Томпсон по натпреварот.
Кај Оклахома прв стрелец беше Кевин Дјурент со 29 поени, но загуби дури осум топки. Расел Вастбрук, пак, погоди само пет шута од 14 од игра и заврши со 16 поени, но оствари и 12 асистенции.
Сега серијата се игра се сели во Оклахома, која ќе биде домаќин на третиот и на четвртиот натпревар, в недела и во вторник.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)