| четврток, 6 декември 2018 |

Литванија и Романија бараат засилено присуство на НАТО поради конфликтот во Украина

Претседателите на Литванија Далија Грибаускајте и на Романија Клаус Јоханис побараа НАТО да го зголеми присуството во нивните земји поради конфликтот во Украина, јави ДПА.

– Ние сме свесни за ситуацијата во која се наоѓа Романија на Црното Море а во врска со окупацијата на Крим и зајакнувањето на офанзивните воени средства таму. Слична ситуација има и во Калининградската област, рече Грибаускајте на заедничка прес-конференција со романскиот претседател во Вилнус.

– Со оглед на тоа дека меѓусебно се поддржуваме, ќе се обидеме да постигнеме поголема сигурност и во двата регионот”, додаде таа.

Клаус Јоханис побара соодветни напори на НАТО за да се гарантира безбедноста и во двете крајни источни точки на Алијансата, за да се задржи балансот на силите, додава ДПА.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top