| четврток, 6 декември 2018 |

Мукаетов: Голема чест е да се има Червар за селектор на Македонија

zivko mukaetov

Претседателот на Ракометната Федерација на Македонија, Живко Мукаетов, изрази задоволство од изборот на Лино Червар за нов селектор на националниот тим. Со шефот на стручниот штаб на Металург е потпишан договор за четиригодишна соработка, а Червар покрај ангажманот како селектор на сениорите, ќе има задача и да координира со младинските репрезентации.

– Денеска ми е голема чест и задоволство што го потврдуваме она што како Управен одбор и раководство на РФМ го одлучивме – Лино Червар да биде селектор на сениорската репрезентација. За мене како претседател е големо задоволство како селектор да имаме човек кој е олимписки и светски првак, човек што придонесе многу за развојот на ракометот во Македонија од моментот кога дојде во нашата татковина. Нашата идеја е да работиме на долги патеки, договорот е на четири години и не се однесува на А селекцијата, туку тој треба да ја координира работата на сите млади машки репрезентации – изјави Живко Муакетов.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top