Здружението за борба против рак „БОРКА-за секој нов ден„ од Скопје кон крајот на мај 2016 година ја организира Националната кампања за подигнување на свесноста за тироидни заболувања во Македонија именувана „Виолетов Караван 2016“.
Централната активност на Кампањата ќе биде одбележување на Интернационалната недела на тироидната жлезда во период од 23 до 29 мај 2016 година во Скопје и градовите низ Македонија.
Неделата ќе се одбележи на тој начин што во седум града низ Македонија ќе бидат поставени мобилни ординации за бесплатни ЕХО прегледи на лица кои немаат симптоми и немаат досага направено ЕХО на тироидна жлезда.
Прегледите ќе ги извршуваат искусни доктори специјалисти и тоа : Проф. .др. Венјамин Мајсторов, Проф.др. Даниела Миладинова, Др.Синиша Стојановски и Др. Маја Здравковска од Институтот за патофизиологија и нуклеарна медицина и Др. Ирфан Ахмети и Др. Искра Битовска од ЈЗУ Клиниката за ендокринологија во Скопје.
Мобилните ординации за преглед ќе бидат поставени во градовите по осум часа дневно и ќе можат да бидат прегледани по 100 лица дневно .
Распоредот на градовите е следен, а периодот за прегледи е од 9 до 17 часот :
– 23.05.16 Струга-пред Хотел Београд, на шеталиштето
– 24.05.16 Струмица-плоштад
– 25.05.16 Велес-пред НУЦК театар „Ј.Х.Џинот„
– 26.05.16 Тетово-плоштад
– 27.05.16 Кичево-плоштад
– 28.05.16 Куманово-плоштад пред НАМА
– 29.05.16 Скопје-плоштад Македонија
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.