| четврток, 6 декември 2018 |

Пресудите паднаа: Погледнете колку години затвор добија обвинетите во „Ќелија”

Затворски казни од две до 4,6 години им изрече денеска Кривичниот суд на обвинетите во случајот „Келија“.

2-Kelija

Според одлуката на Судот, сите се виновни за учество во странска војска, полиција, паравоена или параполициска формација.

И.Ф. доби казна затвор од 4,6 години, А.А. 3,1 година, Е.Р. четири години, а на И.М. и С.С. им се изречени по две години затвор.

Основниот суд Скопје 1, како што соопшти, ги прогласи за виновни сите пет обвинети, како што и тие самите, доброволно, се произнесоа во судницата.

Претходно на седницата на Советот за оценка на обвинителен акт одржана на 11 март годинава и преостанатите шест обвинети опфатени со истиот обвинителен акт, ја признаа вината за делата што им се ставаат на товар и се спогодија со обвинителството, а судот донесе пресуда врз основа на предлог – спогодба со која сите шест обвинети беа огласени за виновни.

За потсетување, големата антитерористичка акција „Ќелија“ го откри гнездото за регрутација на борци за ИСИЛ од Македонија. Лицата се сомничат за организирање и врбување на поединци да заминат во паравоените формации на блискиот исток, но и за учество во силите на ИСИЛ. Приведените се на возраст од 19 до 49 години. Речиси сите биле повратници од борбите во Сирија а зад себе имале и криминали досиеа.

Акцијата беше спроведена во август минатата година и ја потресе македонската јавност.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top