| четврток, 6 декември 2018 |

Златан Ибрахимовиќ го посочи најдобриот тренер во светот според него

anceloti i ibrahimovic

Откако како тинејџер дебитираше за Ајакс, Златан Ибрахимовиќ изгради фантастична кариера што му овозможи да игра за најдобрите клубови, под водство на најдобрите тренери во светот. Швеѓанецот во Ајакс го тренираа Адријансе и Куман, во Јувентус го дочека Капело, во Интер имаше соработка со Манчини и со Мурињо, по што замина кај Гвардиола во Барселона. Се врати во Италија за да игра за Милан под водство на Алегри, за во ПСЖ да настапува под водство на Карло Анчелоти и Лорен Блан.

Затоа, ако некој може добро да ги спореди најдобрите тренери на денешницата, тоа е токму тој – неповторливиот Ибракадабра, кој откри кој според него е најдобар светски фудбалски стратег.

– Со Мурињо се е психолоша игра бидејќи сака да манипулира со играчите. За мене тоа беше нешто сосема ново, те држи под тензија, ти вели да правиш една работа за да добиеш поинаков резултат. Сепак, мене ми се допаднаа тие негови „игри“, кои дефинитивно ме направија подобар игра, а под негово водство станав најдобар стрелец во Серија А и го освоивме скудетото. Тој знае и да те мотивира, се сеќавам како пукав од адреналин пред натпреварите за Жозе. Тој ти дава, но знае и да ти земе. Мурињо знае како да ги третира фудбалерите, но Анчелоти е тренер што постапува со нив како со зрели личности. Во кариерата работев со најдобрите, а кога веќе треба да бирам – Анчелоти е за мене најдобриот тренер во светот – вели Ибрахимовиќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top