| четврток, 6 декември 2018 |

Синот на Зоран бил смртно заљубен во маќеата, убиената Јелена!

 

sin

Истрагата во врска со убиството на Јелена Марјановиќ месец и половина не се мрдна од мртва точка, а мештаните на Борча тврдат дека најсомнителен им е синот на Зоран, У.М (17) од првиот брак, кој лудо ја сакал својата маќеа, објави Ало.

Тој со оглед на фактот дека е малолетен, во полиција бил сослушан во присуство на неговиот дедо Владимир и не одговорил на сите прашања.

-Малиот после враќањето од полиција на собарните луѓе им рекол:Луѓе, дедо ја зафркна работата!Бил видно вознемирен, а од моментот кога е најдена неговата маќеа, сосема се повлече -објаснил извор близок на истрагата.

sin2

Мештаните во еден глас тврдат дека зад убиството е целото семејство Марајановиќ, бидејќи се е добро обработено.
-Синот на Зоран има чуден карактер и готово да не зборува со никого. Додека Јелена беше жива, само за неа зборуваше. Пред другарите се фалеше дека има најубава маќеа која пее како славеј и дека многу ја сака. Би се рекло дека беше маѓепсан од неа-тврдат мештаните на Црвенка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top