| четврток, 6 декември 2018 |

МАН: СДСМ и нивните функционери да запрат со закани кон новинари

Македонската асоцијација на новинари- МАН ја известува јавноста, медиумите, дипломатските претставништва во Македонија како и надлежните државни органи за најновата закана која високи функционери на СДСМ ја упатуваат до новинари.

MAN

Имено, Фросина Ременски актуелна министерка за социјала и труд, потпретседетелка на СДСМ, како и сопруга на висок полициски функционер унапреден надвор од законската процедура по стапувањето на функција на нејзиниот партиски колега Оливер Спасовски, преку својот фејсбук профил повторно се обрати со закани, овој пат до главната уредничка на дневниот весник Вечер, Ивона Талевска, за пишување во нејзиниот текст Досие: кој и за што му ги дал прилушуваните разговори на Зоран Божиновски.

Во текстот како доносител на дел од прислушуваните разговори на Зоран Божиновски се наведува сопругот на министерката Ременска.

Министерската Фросина Ременска се заканува со одговорност и поседување прислушувани разговори за новинарката Талевска иако, барем така би требало да биде согласно законот, прислушувани разговори нема во посед на СДСМ и Ременска.

Но, според заканите на Фросина Ременска, таа има своја или партиска архива на прислушувани разговори и истите ги користи за јавни закани кон новинари. Овој факт е особено опасен затоа што, патем, таа е и сопруга на висок полициски функционер кој е директно вмешан во незаконска диструбуција на таквите прислушувани разговори.

-Бараме од надлежните институции, а особено од оние дипломатски претставништва кои ја поддржуваат ваквата политика и настапи на СДСМ, и нивната злоупотреба на туѓите незаконски прислушувани разговори, да поведат постапка по овие нови закани кои не се единствени од нејзина страна. Злоупотребата на незаконски прислушувани разговори, и сега, метод и масовна појава која очигледно своја база има кај високите функционери на СДСМ и нивните соработници, дистрибутери на разговорите за политички, финснасиски и партиски рекет, велат од МАН.

ТАГОВИ:

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top