Даниел Сервер, професор на Универзитетот за напредни интернационални студии „Џон Хопкинс“ и поранешен дипломат на САД кој имаше улога во Дејтонскиот мировен договор, разговараше со српски новинари на 13 мај во Белград, пренесува сајтот europeanwesternbalkans.com.
Во врска со Република Македонија, Сервер рече дека негово мислење е оти опозицијата во Македонија е одговорна за неприфаќањето да учествува на парламентарните избори, од страв дека ќе изгубат. Според него, владејачката партија ја има поддршката од мнозинството од населението во Македонија.
Тој го изрази своето задоволство од напредокот на Србија и рече дека и покрај проблемите, таа е изборна демократија. Го пофали и премиерот на Србија, Александар Вучиќ, за својот труд во нормализирањето на односите со Косово и регионалната стабилизација во врска со проблемите со Босна и Херцеговина. Сервер верува дека Србија не мора да влезе во НАТО за да се приклучи на ЕУ, но нормализацијата на односите со Косово, според него, е клучна. Како што вели тој, со нормализацијата се дозволува Косово да седне во ОН и поставување на дипломатски односи помеѓу Србија и Косово. Сервер верува дека доколку Србија дозволи Косово да влезе во ОН, тоа не би било пречка за неа.
Зборувајќи за можниот референдум на Босна и Херцеговина за независност на Република Српска, Сервер изјави дека ниту Брисел, Белград или Загреб би сакале да има мала босанска држава каде што муслиманското население би било радикализирано. Тој верува дека ова било така за време на војната и довело до мировни преговори, но исто и сега.
Во врска со претстојните претседателски избори во САД и нивното влијание на надворешната политика со Балканот, Сервер рече дека верува оти Хилари Клинтон би го добила „третиот мандат“ на Барак Обама, ќе остане посветена на евроинтеграцијата на Србија, а додека Доналд Трамп, и покрај неговите јавни изјави, воопшто не се грижи за регионот. Според Сервер, Балканот е област со низок приоритет за САД, засенет од Блискиот Исток, Пацификот и Украина.
Зборувајќи за Русија и нејзината улога на Балканот, Сервер вели дека нејзината „опаѓачка моќ“, поради економската рецесија и опаѓањето на валутата, кое само ќе се влоши со тек на време. Според Сервер, Русија успеа „да направи хаос“ во источна Украина и да ги оттуѓи Сунитските муслимани во Сирија, кои нема да ја заборават улогата на Русија во поддршка на цивилната војна на Асад. Во врска со поврзаноста на Србија и Русија, Сервер вели дека ја разбира културната поврзаност помеѓу двете земји, но дека Русија не и е „спасител“ на Србија, како што не се ни САД и ЕУ.
Во врска со демократските препораки на западнобалканските земји за проевропски режим, Сервер вели дека некои влади во регионот не успеале да создадат „стабилна опозиција“, како што е случајот со Црна Гора и Косово, каде опозицијата е силна, но „уставна“, која и се противи не само на владата, туку и на целиот политички систем.
Сервер заклучи дека најголемите пречки со кои се соочува Србија се слободата на медиумите, потребата за безбедносни реформи и фактот дека некои луѓе мора да преземат одговорност за своите дела, како и слабоста на правниот систем. Според него, слабиот правен систем е проблем кај сите западнобалкански држави, но најсилен правен систем има во Косово.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.