Повеќе од 100.000 граѓани на Лестер излегоа денеска на улиците на овој град. Поводот беше прекрасен – прослава на шампионската титула на фудбалерите на Лестер, прва во историјата на овој клуб во Премиер-лигата. „Лисиците“ на Клаудио Раниери го приредија едно од најголемите изненадувања во историјата на англискиот фудбал, а навивачите знаат како да прослават тоа.
Клаудио Раниери се качи и на полициска мотор, Варди позираше со пехарот на главата, додека останатите асови на Лестер уживаа во панорамата, со илјадници фанови околу нив кои ги обоија улиците на Лестер во сина боја.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.