| четврток, 6 декември 2018 |

Јелена воопшто не трчала на насипот!

Драган М. кој веќе 30 години живее во Борча кај насипот вели дека точно ги знае сите луѓе што на тоа место џогираат и тврди дека никогаш не ја видел убиената пејачка Јелена Марјановиќ.

-Не знам зошто нејзиниот сопруг Зоран упорно тврди дека таа таму секојденевно трча, дури и непосредно пред убиството, вели тој за Информер.

Драган би можел да биде крунски сведок во  истрагата на ова монструозно убиство која трае веќе 46 дена, зошто неговите тврдења би можеле целосно да го урнат алибито на Зоран Марјановиќ, сопруг на убиената пејачка и на тој начин целосно да го сменат текот.

-Секоја недела Јелена, Јана и јас одевме на насипот. Додека таа трчаше, ќерката и јас игравме на полјаната. По час-два излегувавме на патеката и одевме во пресрет на Јелена. Обично се наоѓавме на половина пат од рампата. Меѓуто на тоа место мојата Јеца не дојде, раскажа тогаш Зоран, истакнувајќи дека таа речиси секој ден трчала на насипот во Црвенка.

Меѓутоа она што Драган М. го рече за Информер, го потврдија уште неколку луѓе што или живеат тука или секојдневно трчаа, и како што вели, целосно е уверен дека Јелена не била меѓу оние што секојдневно трчаат по овој дел од Борча.

Foto: Facebook/Jelena Jeca Krsmanovic, Marko Todorović-Луѓето најчесто трчаат во текот на викендот. Тоа сосема сигурно го тврдам зошто тоа се секогаш исти лица, кои редовно ми се јавуваат и ми мавтаат. Оние кои не трчаат, главно шетаат кучиња. Но оваа пејачка Јелена, која е убиена, никогаш не сум ја видел. Таа ниту поминала од тука, ниту пак редовно трчала по насипот, вели тој и додава:

-И не само што не сум ја видел, туку никогаш и не сум слушнал за семејството Марјановиќ пред убиството на Јелена. После читам изјава од сопругот дека таа тука трчала секојдневно, па дури и на денот кога е убиена. Не знам од кај му е тоа!? Ви повторувам, ако трчала по насипот јас ќе знаев за неа.

Драган М. се зачудил и од приказната дека по убиството на Јелена сите мештани говореле дека често ја гледале како трча по насипот.

Foto: Telegraf

– Toa не е Јелена Марјановиќ. Тоа е една девојка која и ден денес трча со слушалки во ушите и телефон. Можеби малку потсетуваат една на друга, зошто и оваа девојка има темна коса врзана во репче. Еве, токму викендов ја видов жива и здрава. Значи тоа не е Јелена, сигурен е тој.

Неговата приказна за Информер ја потврдија и одредени луѓе кои исто така живеат во Црвенка кај насипот или редовно трчаат. Еден он нив, кој со децении трча по насипот на смртта, тврди дека пејачката на „Гранд“ никогаш не ја сретнал.

-Не знам што да правам, зошто се ми изгледа чудно. Секој ден одам во Црвенка, трчам од рампата до рампата и ги знам сите луѓе што џогираат тука. Невозможно е Јелена тука да трчала, а јас да не сум ја забележал. Ние сме тука како екипа зошто најчесто по насипот трчаат мештани од Борча. Дури и скоро да почнала тука да доаѓа, би знаел, зошто секогаш се запознавам со новите џогеру, вели мажот кој сакаше да остане анонимен од безбедносни причини.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top