Од денеска официјално започна изборната кампања за предвемените парламентарни избори закажани на 5 јуни, на кои ќе учествува само коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ.
Додека останатите партии и натаму бараат да се свика собраниска седница на која ќе се поништи одлуката за избори на 5 јуни, од владејачката партија веќе најавија дека се откажуваат од класичната кампања и оти големите митинзи во градовите ќе ги заменат со директни средби со граѓаните.
Според роковникот на Државната изборна комисија за извршување на изборни дејства од вчера почна изборната кампања и таа ќе трае до 3 јуни на полноќ. Како што стои во роковникот, во овој период предвидено е јавно собирање и други настани организирани од страна на учесниците на изборите, јавно истакнување на плакати, видео презентации, изборно медиумско и интернет преставување. За учество на изборите на 5 јуни ДИК ја потврди само кандидатската листа на ВМРО- ДПМНЕ и на коалициските партнери, која се однесува на сите шест изборни единици во земјава.
Од досега вообичаената атмосфера од првиот ден на изборната кампања, засега нема ништо – нема плакати, нема најави за митинзи, нема платена политичка програма, нема банери, нема летоци, тефтерчиња, пенкалца, знаменца…
ВМРО-ДПМНЕ ја започна изборната кампања со директна комуникација со граѓаните. Од владејачката паритја соопштуваат дека заради актуелната политичка ситуација нема да држат митинзи во градовите, ниту пак ќе имаат класичен почеток и агенди.
Инаку, во претходните изборни циклуси оваа партија традицонално својата изборна кампања ја започнуваше со голем митинг во Охрид.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Протестен марш на ВМРО ДПМНЕ во 17 часот (во живо)
-
Отворено и транспарентно: ВМРО-ДПМНЕ со Јавен повик за кандидирање на членови на Комисии
-
Стоилковски: Заев и Спасовски да одговорат колку Иван Савидис е економски присутен во Македонија и дали има поврзаност со Владата
-
Што говореше за Уставот пред да се предомисли предавничката Александрова и да ги гласа измените? (видео)