Убиецот на убиената пејачка Јелена Марјановиќ може да биде откриен, откако снимки од три сигурносни камери од насипот во Борча ќе бидат анализирани во Германија. Имено, инспекторите кои работат на овој случај успеале да најдат и проверат седум од осум личности кои се појавуваат на снимките. За сега единствено непознат е идентитетот на велосипедистот.
Тој на снимките толку многу лошо се гледа, што е потполно е нејасно дали вози велосипед или мотоцикл. Така што стручни лица од германската полиција на институтот во Визбаден ќе пробаат да ја „изострат снимката“ и така да го откријат идентитетот на мистериозниот човек.
Овој траг би можел да биде последната прилика, полицијата да пронајде доказ и да го открие убиецот на пејачката, кој е непознат уште од 2. април, односно цели 43 дена.
Соговорникот од истрагата, која длабоко навлезе во вториот месец, вели дека снимките од сигурносните камери, можат да бидат доказ, ако бидат употребливи.
Се анализираат снимките од три безбедносни камери. Една се наоѓала во куќата на семејството Јаховиќкоја била свртена кон насипот, другата била поставена во продавницата, на почетокот од патот кон населбата Црвенка. Третата камера била поставена во градскиот автобус.
– На тие снимки освен Марјановиќ, се појавуваат точно 7 личности. Тие 7 успеавме да ги индетификуваме, сослушаме и провериме. Утврдивме дека никој од тие нема допирна точка со убиството. Остана осмиот човек, за кој не знаеме ништо, освен дека носи сина облека и дека нешто вози. Снимката е толку лоша што не да се утврди дали е тоа мотоцикл и велосипед, објаснува изворот близок на истрагата.
Тој додал дека од големо значење е да се открие тој човек, зошто така би можеле да го затворат кругот на можни убијци.
– Поради тоа снимката ја пративме во Германија, во форензичарскиот институт во Визбаден, каде нивната полиција со специјални методи пробува да ја „изостри снимката“ да се филтрира и така да овозможат да се пронајде идентитетот на човекот, кој би можел да биде убиецот.
Доколку ниту оваа метода не успее, сторителот ќе остане неоткриен, смета тој и додава дека решавањето на овој случај и понатаму е приоритет на српската полиција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ужасно е да се носи облека на човек кого го убивме пред 20 минути-oвој детал доведе до разоткривање на бруталното убиство на Кашоги
-
Објавени нови детали за убиството на Кашоги: Само некој кој зема хероин би го направил тоа
-
Ќе го заменам Душко со помлад: Јелена Карлеуша проговори за кризата на средни години!
-
Убиство во семејство со македонско потекло во Швајцарија