| четврток, 6 декември 2018 |

Бензините поевтинуваат, дизелот останува со иста цена

бензинБензините од ноќеска на полноќ  поевтинуваат за половина денар, а дизелот и екстра-лесното масло за домаќинство остануват непроменети.

Во согласност со најновата одлука на Регулаторната комисија, ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе се продава по цена од 62 ден/лит, а ЕУРОСУПЕР БС-98 по цена од 64 ден/лит.

Цената на дизелот останува иста и ќе изнесува 47 ден/лит, додека малопродажната цена на екстра-лесното масло за домаќинство ќе биде 35,50 ден/лит.

Малопродажната цена на мазутот се зголемува за 0,929 ден/кг и отсега тој ќе се продава по цена од 19,464 ден/кг.

Новите цени се во согласност со повисоката просечна цена на суровата нафта на светскиот пазар во изминатиот 14-дневен период, како и понискиот курс на денарот во однос на доларот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top