Торонто Репторс на домашен терен го растурија Мајами Хит во мајсторката и за првпат во клупската историја се пласираа во конференциското финале, каде ќе играат против актуелниот шампион на Истокот, Кливленд Кавалирс.
Лори и Дерозан изиграа одлично кога е најпотребно и го одведоа својот тим во финалето на Истокот. Резултатот од седмиот меч во оваа полуфинална серија беше 116-89.
Торонто го надигра Мајами во сите сегменти од играта, посебно во скоковите и шутот за три поени. Домашниот тим имаше дури 20 скокови повеќе од противникот.
Кајл Лори шутираше извонредно, погоди пет тројки од седум обиди, заврши со 35 поени и 9 асистенции. Дерозан постигна 28 поени, на кои додаде и 9 скокови, а одлична поддршка имаа и од останатите тројца играчи од првата петорка. Центарот Бијомбо постигна дабл-дабл со 17 поени и 16 скокови, како и Патерсон кој имаше 11 поени и исто толку скокови. Керол одигра извонредно, скоро совршен во шутот, промаши само еднаш и натпреварот го заврши со 14 поени.
Гостите од Флорида имаа дури шестмина играчи со двоцифрен број на поени. Вејд и Драгиќ беа најефикасни со по 16 поени, но сепак недоволно против расположените Репторс вечерта.
Ова е прво конференциско финале во историјата за Торонто, а таму ги чека првиот фаворит и актуелен владетел на Истокот, Кливленд.
Во финалето на Западот играат актуелниот шампион Голден Стејт Вориорс и Оклахома Тандер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)