| четврток, 6 декември 2018 |

Заплови најголемиот крузер на светот вреден повеќе од една милијарда долари

Десетици илјади Французи го отпоздравија првото патување на најголемиот крузер на светот, кој заполови на своето прво патување по 32 месеци од француското бродоградилиште во Сент-Назар кон Саутемптон во Англија.

Крузерот „Хармонија на морињата“ (Harmony of the Seas), чијашто изградба чинеше повеќе од една милијарда долари, е долг 362 метри, има 16 палуби и е повисок од Ајфеловата кула во Париз. Овој крузер е сопственик на рекордор највисок крузер кој некогаш е изграден и може да прими 6.360 патници.

Крузерот се очекува да пристигне во вторник во Саутемптон, пред неговата инагурациска пловидба на 22 мај во Барселона.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top