| четврток, 6 декември 2018 |

Мртви тела и секс со пензионери: Поранешни вработени на крузери откриваат валкани тајни од под палубата

Од чување мртви тека во фрижидери до дрогирани оргии со пензионери и женети мажи, четвроица вработени од кризер ги раскажаа мрачните тајни на животот под палуба.Плаќањето на персоналот за секс или конзумирање кокаин на бродот-се поминува додека патувате на крузерот. Според патниците кои се снимани за новото реално шоу на Канал 4 оргиите со кокаин е полесно да се купи отколку пијалок. Според поранешните чланови на посадата чистачките добивале повеќе пари отколку што им е платата за секс со пензионери.

Клер Сандерс (27) работела како фризерка на крузер околу една годија кога имала 20 години.

-Пред да се качите на крузер темелно ве проверуваат. Жените се задолжени да направат тест за бременост, а сите мораат да се тестираат за дрога. Моето работно време беше од 8-20 часот, а работев на провизија-ако немаше фризирање нема пари, вели таа.

На крузерот, како што истакнува имало многу осамени патници кои разговарале со членовите на кризерот. Всушност тоа беа постари луѓе, пензионери, но бармените и чистачите немаа ништо против да спијат со нив за кеш.

Тие на тоа гледаа како на зголемување на својата заработка. Не се срамеа, сите зборуваа за тоа, вели Клер.

-Ако не се караат, тогаш земаат дрога. Постојано слушавме дека е пронајден кокаин на бродот, раскажува таа, додавајќи дека во една прилика биле вчудоневидени од пронајдената количина на дрога на бродот и бројот на исфрлени луѓе од него. Тоа беа Пензионери кои фаќаа малку од зимското сонце, вели Клер која ја напуштила работата поради дерматитис кој го добила бидејќи рацете и биле постојано во вода.

Тина Молсон (52) е бизнисменка од Клитхорпс и вели дека работела на крузер од 2002-2010.

– Работата на крузер за следи промискуитетен животен стил. Поголемиот дел од членовите на екипажот скокаа во кревет еден со друг, раскажува Тина.

Таа вели дека барот често имало тематски журки и тогаш се правеле костими од се што ќе ви дпјде при рака, а барот се декорирал. По журката сите би заминале со своите нови партнери во собите. Колку е повисок рангот на членот на екипажот, толку подобра кабина имате, па девојките се тепаа за офицери, без оглед на нивниот изглед или брачниот статус. Тина работела во џуси фри шопот наутро примајќи нарачки. Вели дека гостите „ќе го исчистеле барот од алкохол“.

– Не е ништо необично кинеските патници да го напиштат барот со пет дизајнерски торби вредни 4.000 долари секоја, наведува Тина, додавјаќи дека сите линии испраќаат свои крузери во Кина бидејќи нивните жители многу трошат.

Тие патуваат во големи семејни групи, а кога еден ќе купи торба сите од семејството сакаат иста таква, тврди Тина.

– Често имаше и смртни случаи на бродот. На еден крузер имавме остава покрај фрижидерот во која ги чувавме телата. Ја викавме „плакар за лешеви“, вели таа.

Џејмс Харис (47) од Сомерсет работел како фотограф на кризер во САД пет година.

-Работиш 80 часа неделно без одмор во текот на цела недела. Но, секоја вечер има журка. Баровите за персоналот се многу позабавни од оние за патниците, смета тој и додава дека никогаш немал пари бидејќи се трошел на забава.

Хејли Џејн (38) од Лутон работела на крузер како хостеса од 2009-2013.

– Персоналот се натпреваруваше кој ќе спие со повеќе патници!, вели таа.

Хејли потврди дека журките со персоналот се најдобриот дел од работата на крузер, но мора многу да внимавате да не ве фатат, бидејќи казната за тоа е исфрлање од бродот.

– Алкохол има секаде, постојано слушате хорор приказни за луѓе кои се опијаниле па трчале голи по бродот во ситни саати, вели таа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top