ЦСКА Москва ја освои седмата титула шампион на стариот континент, откако во финалето на Евролигата во Берлин го совлада Фенербахче по едно одиграно продолжение со резултат 101-96.
Натпреварот започна како што само може да се посака за едно финале, со одлично темпо на игра и честа промена на водството.
Но, со влегувањето во игра на Милош Теодосиќ, ЦСКА направи серија од 8-0 и до дваесет секунди до крајот не го испушташе водството. Српскиот репрезентативец прикажа одлична партија, погодуваше тројки, асистираше, скокаше… На полувреме ЦСКА имаше предност од 20 поени.
Во вториот дел имаше доста поагресивна игра од двете екипи, со многу фаули и слободни фрлања. На стартот до последната четвртина предноста на ЦСКА стана едноцифрена. Прво Перо Антиќ со две слободни фрлања намали на -6, за потоа Боби Диксон со тројка го доведе Фенербахче на само минус три поени на нешто повеќе од три минути пред крајот.
Откако двете екипи подогодуваа, водството на ЦСКА сеуште беше 3 поени разлика, но на 40 секунди до крајот повторно Боби Диксон погодува тројка и резултатот е израмнет.
Де Коло ја загуби топката во следниот напад, а Фенербахче успеа и да поведе со 83-81 откако Слукас два пати беше прецизен од линијата за слободни фрлања.
Хријапа успеа да израмни на 1.9 секунди до крајот, а на другата страна Јудо не погоди и натпреварот отиде во продолжение.
Во дополнителните пет минути повторно имаше игра кош-за-кош, екипите се менуваа во водството, се додека Нандо Де Коло конечно не заигра како што треба кога е најпотребно и успева да му донесе победа на својот тим од 101-96 и прва титула шампион на Европа од 2008 година, а седма во клупската историја на ЦСКА Москва.
Нандо Де Коло беше најефикасен со 22 поени и 7 асистенции, а Милош Теодосиќ постигна 19 поени. Двоцифрен број на поени во победниката екипа имаа и Кајл Хајнс (15), Кори Хигинс (12), Андреј Ворончевич (11) и Виктор Хријапа (10)
Во редовите на Фенербахче Боби Диксон постигна 17, Датоме, Јудо и Антиќ по 16 поени, а Слукас 10 поени. Богдановиќ ги промаши сите шест обиди за тројка и го заврши мечот со 6 поени.
Претходно во натпреварот за третото место, Локомотив Кубан ја совлада екипата на Лаборал Куча со 85-75.
Иако играа без еден од нивните најдобри играчи, Ентони Рендолф, кошаркарите на Локомотив Кубан, пред се благодарение на одличната игра во третата и четвртата четвртина, триумфираа над Лаборал Куча со десет поени разлика и го освоија третото место во Евролигата.
Првото полувреме беше неизвесно, шпанската екипа на полувреме дури и имаа водство од 2 поени (42-40). Но, руската екипа значително ја подобри својата игра во вториот дел, третата четвртина ја добија со 8 поени предност, а во четвртата во еден период имаа и 20 поени предност, па самиот крај остана без неизвесност и Локомотив рутински стигна до победата.
Најпрецизни во победничкиот состав беше Малколм Дијелни со 21 поен, 5 скокови и 4 асистенции и Рајан Брокхоф со 21 поен, 6 скокови и 3 асистенции. И двајцата погодија по четири тројки.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)