| четврток, 6 декември 2018 |

Хихон останува, Хетафе и Рајо ја напуштаат Примера

lfp-primera-spain-map

Откако вчера го добивме шампионот на Шпанија, по денешните натпревари од последното коло во Примера Дивизија познато е и кои клубови ќе ја напуштат и ќе се преселат во втората лига следната сезона.

Тоа се екипите на Хетафе и Рајо Валјекано, додека во последен момент се спаси Спортинг Хихон. Леванте, кој немаше никакви шанси ова коло, е третиот клуб кој нема да настапува во Примера следната сезона.

Хихон на домашен терен ја совладаа екипата на Вилјареал со 2-0 и се изборија за опстанок во елитата. За гостинскиот тим е незначаен поразот, бидејќи уште претходно беше познато дека сезоната ќе ја заврши на четвртото место на табелата.

Рајо Валјекано направи се што е во негова моќ и го совлада Леванте со 3-1, но за опстанок му беше неопходно Вилјареал да освои барем бод против Хихон, како и Хетафе да не победи против Бетис. Поради поразот на Вилјареал, Рајо следната сезона нема да игра во првата лига.

Хетафе загуби кај Бетис со 2-1 и исто така ја напушта Примера и се сели во втората лига.

Во останатите два натпревари без посебно значење, Малаг го совлада Лас Палмас со 4-1, а Еспањол беше подобар од Еибар со 4-2.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top