Владата да владее , демократија да постои, да има политичка разврска, ова се трите решнија кои денеска во интервју за Сител ги истакна новинарот Васко Ефтов, зборувајки за политичката криза во државата. Тој истакна дека Груевски треба да владее, да практицира власт. Според Ефтов СДСМ на чело со Заев е проблем на меѓународната заедница. СДСМ тука е небитен.
-СДСМ е декор на целата политичка ситуација. СДСМ во моментов е товар за странците, бидејќи не можат да испорачаат резултат. На сите бомби, на сите протести СДСМ се исвиркувани од дел од демонстрантите од протестите во Скопје, вели Ефтов.
Ефтов смета дека и неуспешни избори се подобри од никакви избори.
-Вака е тоа. Вие сте болен сте констатирале дека сте болен. И некој не ви дава антибиотици. Или што е уште полошо ви дава погрешни антибиотици таа болест да ви се влоши. Во таква фаза сега е Македонија, вели Ефтов.
Веќе 10-на години на Балканот американците ја спроведуваат својата стратегија стабилност пред демократија сметајќи дека треба да се инвестира во одредени популистички лидери почнувајќи од Орбан во Унгарија па до Ердоган во Турција, вели новинарот Васко Ефтов во интервју за Сител.
Нив ќе им се толерираат одредени демократски фаули но ќе имаат контрола и стабилност врз државите каде што владеат.
-Тоа е сменето и сега се оди на одредена нестабилност. Тоа почна во Бугарија, ескалираше во Турција и сега се случува во Македонија. Во сите останати држави има одредени никулци и знаци, меѓутоа нема ескалација, вели Ефтов.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.