| четврток, 6 декември 2018 |

Колку ја чини државата вандализмот на СДСМ и Сорос?

Македонија вчера го чистеше срамот. Ангажирани сервиси, но и граѓани ги чистеа спомениците кои беа мета на вандализам и сквернавење од страна на протестантите на СДСМ и Сорос кои истите ги фарбаа со боја. Граѓаните кои вчера се приклучија кон чистење на спомен обележјата носе маички со порака „Не ме фарбај“ истакнувајќи дека не треба да се оштетува културното наследство бидејќи тоа е она што треба да остане за понатамошните генерации, а градот треба да биде чист и убав.

oboeni-spomenici

Вандалите на СДСМ и СОРОС според досегашните проценки имаат направено штета од околу 200.000 евра. Толку државата треба да плати за да се санираат штетите.

Штетата направена врз Порта Македонија само после првиот удар на боја беше околу 15.000 евра. Овој износ сега дополнително ќе се зголеми бидејќи Порта Македонија е многу повеќе уништена.

porta1 (1)

Првичните пресметки говорат дека врз Министерството за култура е направена штета од околу 30.000 евра, УЈП околу 5.000 евра, врз Министерството за економија првично пресметана е штета од околу 2.000 евра. Штетата, пак, направена врз Народната канцеларија на претседателот Ѓорге Иванов на Рекорд е 8.500 евра.

ivanov-kanc-zapalena

kancelarija-ivanov-2

min-kul-768x512

Досега направените пресметки откриваат и дека штетата направена на оградата на мостот „Слобода“ е во висина од 50.000 евра, а истиот износ државата ќе треба да го плати и за вандализмот врз споменикот на АСНОМ, лавовите поставени на мостот „Гоце Делчев“ и останатите спомен обележја.

Се уште се прават пресметки околу вкупната штета врз Порта Македонија, која е и најголема, а не е завршена проценката за штетата ниту за Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, плоштадот Македонија и штетите врз фонтаните.

-Се работи за многу голема штета и таа е со несогледливи последици затоа што се уште не ги имаме целосните сознанија колку тие хемикалии продреле во мермерот. Можно е да треба да се менува мермерот и за жал можеби и уметничките апликации. Покрај материјалот имаме и уметничко дело кое е уништено. Навистина веќе станува и релативно која цена и да се каже. Не е само материјалната штета, туку и штета од духовен и психолошки карактер каде е нанесен еден напад врз македонското достоинство затоа што Порта Македонија претставува еден симбол на македонската историја, македонскиот идентитет, македонската култура. Од реакциите кои ги имаме од граѓаните има едно големо разочарување и гнев кај нив од сите овие нечовечки постапки. Штетата не може да се процени, вели во изјава за Курир Бранислав Светозаревич, директор на Порта Македонија.

porta1 (1)

Авторот Блаже Миневски во својата колумна во Дневник цитира делови од говорот на македонскиот поет Григор Прличев, чиј релфеј беше уништен од вандалите, одржан пред охриѓани на 12 јуни 1866 година.

Прличев тогаш меѓу другото рекол: „Кога Господ ти викат чувај се, многу појке ти викат да си ја чуваш таткојната.

skvernavenje-lav-spomenik

-За тоа колку да бидит чоек нечесен, пак таткојната му је најмила на векот. Зашчо татко имаме еден, а таткојната је многу таткој. Мајка имаме една, а таткојната је хилјади мајки. Братја, имаме пет или десет, а таткојната је неброани браќа. Еден чоек шчо не си а милвит таткојната појке од татка и мајка, и појке от себеси, тој не можит да бидит чесен чоек. Ако те разбереет оти мамиш, сетне и вистина да велиш никој не ќе те вервит!“, рекол Прличев.

И додека вандалите на СДСМ и Сорос ја уништуваат и сквернават македонската историја и култура, институциите и граѓаните кои самоиницијативно се организираат се обидуваат да го исчистат срамот. Во исто време, ниту еден споменик од албанската историја и не е оштетен.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top