Според најинтересните калкулации, англиската Премиер лига нема да заврши во последното коло, туку во бараж натпревари.
Пред последното коло познати се шампионот, учесниците во групната фаза на Лига на Шампиони и имињата на тимовите кои испаѓаат од Премиер лигата. Непознато е кој ќе оди во квалификациите на ЛШ и кој ќе игра во Лига на Европа.
Манчестер Сити, Манчестер Јунајтед, Вест Хем, Саутемптон и Ливерпул во последното коло имаат шанси да обезбедат пласман во Европа, а ситуацијата на табелата е следна:
4. Манчестер Сити (гол разлика – 30) 65 бода
5. Манчестер Јунајтед (12) 63
6. Вест Хем (15) 62
7. Саутемптон (15) 60
8. Ливерпул (13) 59
Последно коло:
Манчестер Јунајтед – Бормут
Саутемптон – Кристал Палас
Стоук – Вест Хем
Свонси – Манчестер Сити
ВБА – Ливерпул
Ситуацијата околу четвртото место е јасна, Манчестер Јунајтед моше да биде четврти само доколку Сити изгуби од Свонси, а Јунајтед да победи против Бормут. Во сите други случаи Манчестер Сити е четврто место.
Со местата кои водат во Лига на Европа е многу покомплицирано, а дури и постои можност Вест Хем и Ливерпул во плејоф да одлучуваат кој клуб наредната година ќе настапува во ЛЕ.
Како е тоа можно?
Според правилата на лигата, доколку се случи два или повеќе тимови да бидат израмнети по бројот на бодови, гол разлика и бројот на постигнати голови, за титула, опстанок или позиција која води во Европа се одлучува дополнително, на неутрален терен, со еден или повеќе натпревари.
Според моменталната ситуација, ова правило ќе се примени исклучително само доколку:
1. Саутемптон не го победи Кристал Палас
2. Вест Хем изгуби од Стоук со 1-0 или 2-1, а Ливерпул го победи Вест Бромвич со 3-2 или 2-1.
3. Ливерпул не ја освои Лига на Европа.
Во овој случај Вест Хем и Ливерпул ќе имаат по 65 бода, иста гол разлика и ист број на постигнати голови, па за место кое води во ЛЕ ќе се одлучува со дополнителни мечеви, т.е. во плејоф.
Многу од ова зависи од двете финалиња кои ќе ги гледаме по завршувањето на сезоната во Премиер лигата.
Станува збор за финалето во ФА Купот (Манчестер Јунајтед – Кристал Палас) и финалето во Лига на Европа, каде Ливерпул игра против Севилја.
Можно е да се случи некои од тимовите да дознаат дали ќе играат во Европа дури по одигрувањето на овие две финалиња.
Доколку Манчетер Јунајтед го освои ФА Купот, тогаш и седмопласираниот тим ќе игра во Лига на Европа. Истиот случај би можел да се случи доколку Ливерпул го заземе шестото место во лигата, па после ако ја освои Лига на Европа. Тогаш, исто така, седмопласираниот од Премиер лигата ќе обезбеди пласман во Лига на Европа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Колкаво богатство поседуваат сопствениците на фудбалските тимови од Премиер лигата?
-
Голем скандал со местење откриен во Премиер лигата
-
Премиер лигата конечно ќе добие зимска пауза, но нема да стартува од следната сезона
-
Премиерлигашите потрошија рекордни 430 милиони фунти во зимскиот трансфер период