Уругвајскиот напаѓач оваа сезона направи подвиг кој до денес во историјата на шпанскиот фудбал им успеал само на Меси и Кристијано Роналдо.
„Ел пистолеро“ со хет-трик на мечот од последното коло во шпанската Примера Дивизија против Гранада во гости ја донесе победата на Барса, со што ја освои 24. титула во клупската историја, а Суарез стигна до бројката од 40 постигнати голови оваа сезона.
Сезоната ја заврши како најдобар стрелец во Примера, ќе ја добие престижната награда „Пичичи“, анајверојатно и „Златна копачка“, признание кое го добива најдобриот голгетер во Европа.
Со 40 постигнати голови во Примера, Луис Суарез стана само третиот играч во историјата на шпанскиот фудбал кому му пошло тоа од рака.
Пред него тоа по три пати им успеваше на Лео Меси и Кристијано Роналдо, но оваа сезона Уругваецот ги остави зад себе.
Погледнете ги сите 40 гола на Суарез постигнати оваа сезона во Примера Дивизија:
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)