По убедливата победа на старо-новиот шампион Јувентус во воведниот натпревар, вечерва во Серија А се одиграа уште три натпревари.
Милан на домашен терен загуби од Рома со 1-3. „Росонерите“ како да не постоеја на теренот. Првиот гол го постигна Салах за водство на Рома од 0-1 и со тој резултат се замина на полувреме.
Во вториот дел Ел Шарави во 59. минута постигнува гол против клубот кој го отпиша и ја доведува Рома во водство од 0-2.
Третиот гол беше дело на младиот Бразилец Емерсон, кој во 82. минута го постигна својот првенец за Рома.
При крајот на натпреварот Бака го постигна утешителниот погодок за Милан, кој проживува една од најголемите кризи во последните 30 години.
Можеби ова е вистинкиот показател каде „Росонерите“ се наоѓаат, им останува да го одиграат финалето на Купот против Јувентус, но во ваква форма нивен триумф спаѓа во научна фантастика.
Во вториот натпревар, Сасуоло на домашен терен го совлада Интер со 3-1. ите голови беа постигнати во првото полувреме. Домашниот тим поведе уште во 6. минута преку Политано, а 20 минути подоцна Пелегрини зголеми на 2-0. Паласио во 32. минута намали на 2-1, а конечните 3-1 ги постави Политано во 39. минута.
Сасуоло ја игра својата историска сезона, заврши на шестата позиција во Серија А и сега го чека исходот од финалето во Купот, каде седмопласираниот Милан игра со Јувентус. Доколку загуби Милан, Сасуоло како шести ќе се пласира во Лига на Европа.
Наполи ја задржа втората позиција и се избори за директен пласман во Лигата на Шампиони. Вечерва на домашен терен ја совлада екипата на Фрозиноне со високи 4-0.
Наполи уште во 13. минута играше со играч повеќе на теренот, откако гостинскиот играч Гори доби цвен картон поради неспортско однесување.
Играч на натпреварот беше извонредниот сезонава, Игуаин кој постигна нов хет-трик.
Аргентинецот влезе во историјата, постигна 36 голови сезонава и го сруши рекордот на Швеѓанецот Нордал од 1950 година по бројот на голови во една сезона во Серија А.
Јувентус е шампион со 91 бод, Наполи оди директно во Лига на Шампиони (82 бода), а во квалификации ќе игра третопласираната Рома (80 бода).
Четврти заврши Интер со 67 бода и ќе игра во Лига на Европа, а во квалификации за ЛЕ ќе игра петтата Фиорентина.
Остана уште едно место за квалификации во ЛЕ, а ќе го добие шестопласираниот Сасуоло со 61 бод, но само под услов ако седмопласираниот Милан не победи против Јувентус во финалето на Купот на Италија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)