| четврток, 6 декември 2018 |

Дел Боске заминува во пензија

Светското првенство во Бразил, каде „црвената фурија“ ќе ја брани титулата, ќе биде и последно за 62-годишниот Висенте дел Боске, како селектор на фудбалската репрезентација на Шпанија, кој ја најави својата пензија.

– Моја конечна цел како селектор на Шпанија е Светското првенство во Бразил. По завршувањето на Мундијалот би можел да останам и да работам во сојузот, а што се однесува до селекторската функција, таа ќе заврши во СП во Бразил – изјавил Дел Боске.

Висенте дел Боске е единствениот светски тренер кој ги освоил трофеите и во Лигата на шампиони (со Реал 2000 и 2002), и на Европското (2012 Полска и Украина) и Светското Првенство (2010 Јужна Африка). Како селектор на Шпанија има 58 победи на 70 одиграни натпревари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top