| четврток, 6 декември 2018 |

Младиот дизајнер Игор Марков ја презентираше новата колекција за храбри жени

Колекцијата со наслов „Prêt-à-porter féminin de luxe party deux“ на брендот „Марков“ (MARKOV) беше премиерно преставена вчеравечер во Музејот на современата уметност во Скопје кадешто од четвртокот, 12 мај, се одржуваат модните вечери на студентите од Меѓународниот институт за мода „Изет Цури“.

Игор Марков кој стои зад брендот, новите 26 креации ги работеше половина година под директното менторство на Изет Цури.

igor markov

– Мојата нова колекција е наменета за идеална жена како извор на постојана инспирација, личност која цени високо квалитетно изработени парчиња гардероба со маркантен печат во кој е застапен суптилен елемент на ексцентричност и доза на авангардност. Гардероба која има цел да го намами окото на набљудувачот, совршена не само за посебни пригоди и осмислена одлично да се вклопи со џинс и останати елементи од секојдневната гардероба. Мода наменета за храбри, урбани личности со силно изразена индивидуалност – вели Марков.

Својата прва ревија Марков ја имаше минатата година на есенското издание на Моден викенд Скопје.

igor markov1

Вечерва од 21 часот ќе биде претставена колекцијата на „AMRA“ поддржана од Меѓународниот институт за мода „Изет Цури“, Француски институт во Скопје, Амбасадата на Р. Франција во Македонија и Општина Чаир.

фото: Дими и Ани

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top