| четврток, 6 декември 2018 |

Сурови мајки: Им ги пеглаат градите на ќерките за да останат невини до бракот

Околу 1000 девојчиња во Британија ги трпат последиците на ужасниот обичај пеглање гради, предупредува владата на оваа земја. Во рамките на бруталната процедура девојчињата ги удираат по градите со жешки камења, чекан и шпакла, а целата на оваа сурова пракса е да се запре растот на дојките и девојчињата да се направат помалку пожелни, а со самото тоа да се спречи да забременат пред бракот.

Овој обичај потекнува од Камерун, каде што секое четврто девојче е жртва, но постои и во Нигерија, Бенин и Чад. Конзервативецот Џејк Бери изјави дека бил шокиран кога дознал дека девојчињата во западноафриканските заедници во Бирмингем и Лондон се жртви на овој суров обичај, на кој е многу тешко да му се влезе во трагата, зашто извршителите се главно мајките.

Бери укажал на тоа дека службите за заштита на децата и полицијата многу малку знаат за оваа праска, или затоа што не се обучени за препознавање на знаците или затоа не знаат дека постои.

– Владата би требало да реагира и да издаде упатство со предупредувачки знаци кои би ја разоткриле оваа пракса – вели тој.

Истакнува дека пеглањето гради би требало законски да се дефинира и да се изедначи со обрежувањето на жените за да може здравствените работници да се обучат да ги препознаваат знаците.

Според него, девојчиња од 10 години се присилени да поднесуваат незапаметени болки и да бидат изложени на ризици по здравјето – рак, инфекции, цисти.

– Жешки камења, чекани, шпакли, ете тоа се користи двапати дневно неколку недели за да се запре или забави, а понекогаш и трајно да се уништи растот и природниот развој на градите.

Културата, традицијата и ерата често се користат за оправдување, но како и при обрежувањето на девојчињата, станува збор за ритуална злоупотреба на децата

Маргарет Њујѕевира, основач на организацијата „Развој на жените и девојчињата“ потврдува дека оваа пракса постои во Британија.

– Сурово е. Мајките го прават тоа со добра намера, за да ги заштитат ќерките од сексуално вознемирување, но тоа не се вклопува во британските вредности, вели таа.

IFrame

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top