| четврток, 6 декември 2018 |

Одби да го продаде патентот за 30 милиони долари: Здравствената машинерија не успеа да го купи Тејлор

14-годишниот Тејлор Розентал од Опелик во Алабама направил машина за давање прва помош, а потоа одбил понуда од 30 милиони долари за идејата да ја продаде на големите национални здравствени компании, за направата да ја задржи за себе.
tejlor

Тој веќе земал 100.000 долари од продажба на машината и има намера да заработи уште повеќе пари од продажба на апаратите по 5.500 долари. Тематскиот парк во САД “Шест знамиња”, веќе нарачал 100 автомати.

Тејлор објаснил како дошол до идејата да ја направи оваа машина.

“Секогаш кога патувавме на бејзбол турнири во Албама, забележав дека многу деца се повредуваа и родителите не можеа да најдат завој. Сакав тоа да го решам”, рекол тој за Си-Ен-Ен.

103623349-160505104805-taylor-rosenthal-recmed-780x439.600x400

Во автоматите се нуди широка палета на производи за прва помош со различни цени, а може да се купат и поединечни ставки како гипс, гумени ракаваци, антибактериски марамчиња и газа.

Тејлор рекол дека е отворен за рекламирање на своите машини. Тој сега е најмладиот директор во Опелик, а има и своја канцеларија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top