| четврток, 6 декември 2018 |

Ужасна смрт во затворот во Пула: Жив гори во самица, а стражарите се смеат „Нека се потпече малку“ (ВИДЕО)

Во јавноста се појави снимка од затворска надзорна камера која ги прикажува последните моменти од животот на 25-годишниот Бојан Бешиќ, кој изгоре во пулската самица на 16 ноември 2015 година.

Бојан поминал по затвори вкупно пет години. Последната казна од 8 месеци ја служел поради закани кон поранешната девојка и незаконска употреба на лични податоци. Настрадал два месеци пред да излезе на слобода. Бојан се запалил во гумена соба, односно во самица. Пламенот се проширил, а стражарите не реагирале. Се задушил, а потоа неговото тело изгорело.

bojan-besic-1463173595-905695

На снимката јасно се гледа дека извлекол запалка од десниот џеб, иако полицијата тврдеше дека ја криел во уста. Сакал да привлече внимание и да го извлечат од самицата. Повеќе пати се врти и гледа во камерата со чудење што никој не реагира, вели Ведран Бешиќ, брат на покојниот Бојан.

За овој случај многу се зборуваше во Пула, но јавноста многу малку знае.

Еден притвореник изјавил дека бил сведок на настанот. Додека горела ќелијата, чадот се чувстувал низ целиот затвор, се слушале пискотници, а тој ги чул стражарите како зборуваат дека ќе го оставам малку да се потпече за да му додје паметот. Во меѓувреме, вратата се раширила од топлината и било невозможно да го извлечат, па жив изгорел.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top