Пред нешто повеќе од една недела Косово стана полноправна членка на УЕФА, а денес и официјално е 210. членка на ФИФА. Покрај Косово, светската куќа на фудбалот во својот дом реши да го прими и Гирбалтар, кој исто како и Косово ќе има право да учествува во квалификациите за Светското првенство во 2018 година што ќе се одржи во Русија.
Двете држави ќе бидат дел од квалификациите кои ќе стартуваат претстојниот септември, а поради политичките несогласувања ФИФА ќе треба да го раздвои Косово од Србија во меѓусебни дуели нешто слично како што беше случајот со Гибралтар и Шпанија од 2013 година.
На когресот на ФИФА што се одржува во Мексико од 208 вкупен број земји-членки, 141 ја дадоа својата поддршка за влез на државата која прогласи независност во 2008 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Македонија трет месец со ред 68. на ФИФА ранг листата
-
Органите на Приштина на Север од денеска не постојат: Протести во Митровица, градоначалниците поднесоа оставки!
-
Милионски штети: Србија пресмета колку ќе изгуби поради блокираната трговија со Косово
-
Се одмаздуваат на Србија: Косово воведува 100 проценти царина на српската роба