| четврток, 6 декември 2018 |

Ѓоковиќ со седма победа во низа над Надал се пласираше во полуфиналето на мастерсот во Рим

Новак Ѓоковиќ ја продолжи својата доминација во дуелите со Рафаел Надал, откако попладнево го совлада шпанскиот ривал со 2-0 во четвртфиналето од турнирот во Рим. Надал игра многу подобро отколку лани, но се уште не успева да најде лек за извонредниот српски тенисер, од кого го загуби и седмиот натпревар во низа, воедно губејќи и 15 сета во серија.

Шпанецот има за што да жали бидејќи и во првиот и во вториот сет прв дојде до брејк предност, но не успеа да ја задржи. Првиот сет заврши во корист на Ѓоковиќ 7-5, а Надал „киксна“ во вториот, кога при водство од 5-4 на свој сервис имаше дури пет сет топки што не ги искористи. Ѓоковиќ ја искористи првата брејк-можност и израмни на 5-5, за потоа во тајбрејк да слави со 7-4 и да се пласира во полуфиналето.

Следен ривал на прворангираниот светски тенисер во Рим ќе му биде подобриот од дуелот Тием – Нишикори, додека во второто полуфинале ќе се сретнат Пуиј и Мареј.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top