Дисциплинската комисија на УЕФА ја потврди четиригодишната суспензија за македонскиот репрезентативец Аријан Адеми, кој беше позитивен на допинг контролата за недозволени средства, објавиј официјалната интернет страница на Динамо Загреб.
– Жалиме за оваа одлука и потврдата на првостепената комисија, затоа што ги имавме неопходните докази кои покажуваа сосема поинаква фактичка состојба. Нема тука да застанеме и ќе се жалиме до Спортскиот арбитражен суд – вели главниот директор на Динамо, Томислав Светина.
Адеми, како што е познато, падна на допинг тестот по дуелот со Арсенал на „Максимир“, а УЕФА беше немилосрдна. Доби четири години суспензија, што е најголема казна во историјата на фудбалот.
Фудбалерот на Динамо Загреб доби забрана за играње професионален фудбал, а може да настапува единствено во аматерските лиги. Но, тоа секако практично значи, во голема мера, крај на неговата кариера.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.