| четврток, 6 декември 2018 |

Милошевиќ се продава за бадијала

Мирјана Марковиќ (76), вдовицата на Слободан Милошевиќ ја спушти на половина цена вилата на Дедиње, па наместо некогашните 4,2 милиони евра, сега за оваа луксузна недвижност бара два милиони евра помалку, пишуваат српските медиуми.

– Тоа и го советувале ппријатели кои и рекле дека куќата која со години е напуштена и со тоа само и паѓа цената. Таа сега куќата ја продава за 2,6 милиони евра, но би ја дала и за 2,2 милини евра – вели анонимен извор.

Вилата е изградена во 2000 година и има 10 сплани соби, шест купатила, две соби за прием и две рецептии, а има и лифт. Поделена е на четири нивоа – ниско приземје, приземје, спрат и поткровје. Нема централно греење, туку климатизација.

Правни наследници на вилата се Мирјана Марковиќ и нејзината ќерла Марија.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top