Луис Суарес доби 10 меча суспензија за лудиот потег кога го гризна за рака Бранислав Ивановиќ од Челси, но и пред него во Премиерлигата во Англија има неколкумина играчи што добија уште повисоки казни.
На чело е легендарниот Ерик Кантона, со кунг-фу ударот, кога нокаутира навивач на Кристал Палас. Кантона беше играч на Манчестер јунајтед, а испровоциран од гледач во публиката му влета со карате удар и го легна на земја. За тоа доби 9-месечна суспензија.
До него е Вини Џонс, член на тогаш популарните „лоши момци“ од Вимблдон. Генерацијата беше страшна, играа мошне грубо, а предничеше Џонс. Тој беше казнет со 6 месеци забрана за настап, но не за инцидент на терен, туку надвор од него. Го промовираше спотот „Soccer’s Hard Man“ кој повикуваше на насилство, па си ја доби заслужената казна. Џонс подоцна стана и актер, а имаше улога и во култниот филм на Гај Ричи „Lock, stock and Two Smoking Barrels“.
Место на листата бунтовници секако има и за Џои Бартон и за Паоло ди Канио. И двајцата беа недисциплинирани играчи, па за инциденти на терените заработија повисоки казни од сегашната на Суарес.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)