Кошаркарите на Оклахома се пласираа во финалето на Западната конференција од НБА лигата, елиминирајќи го Сан Антонио со 4-2 во победи.
Во последниот меч во Оклахома, драма немаше. Оклахома славеше со 113-99, во натправар во кои имаа и 30 поени предност. Најефикасен во победничкиот тим беше Кевин Дурант со 37 поени, дополнети и со 9 скока и две асистенции, а Расел Вестбрук дополни со 28 поени, три скока и 12 асистенции.
Стивен Адамс имаше 15 поени и 11 скока, а одлична улога имаше и Андре Робертсон кој мечот го заврши со 14 поени и седум скока.
Кај Сан Антонио најдобар беше Каваи Ленард со 22 поени, 9 скока и пет асистенции. Тим Данкан запиша 19 поени, додека Ламаркус Олдриџ заврши со 18 поени и 14 скока.
Финалето од Западната конференција меѓу Голден стејт и Оклахома стартува во понеделник во Оукленд.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)