| четврток, 6 декември 2018 |

Амал Клуни во Кан покажа и премногу!

amal4

Амал Клуни се појави на црвениот тепих на Канскиот филмски фестивал. Со својот изглед ги одушеви сите, а нејзиниот сопруг беше горд на неа.

Таа изгледаше сензационално во лелеав фустан. Ништо помалку и не се очекуваше од неа, бидејќи светот веќе го има одушевено со својот стил на облекување.

amal3

Клуни ни на момент не се одвои од својата сопруга, која во еден момент покажа и премногу. Борејќи се со својот долг фустан, Амал го повлече и откри што се крие под него.

amal2

Внимателниот Клуни се потруди на жена си да и ги олесни маките со фустанот, но имаше и други џентлмени кои беа подготвени да го направат истото.

amal

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top