-Не се плашам веќе од ништо, стравувам само за мојата ќерка Јана- вели за Блиц, Зоран Марјановиќ, сопруг на убиената пејачка Јелена Марјановиќ.
Стравувањето се зголемило дента кога е приведен мажот во бел дрес, Никола Маријоковиќ(31), кој на 40 дневниот помен на пејачката предизвикал сомнеж кај нејзиното семејство.
-Се плашам за Јана. Поради тоа сите сме претпазливи. Секогаш некој внимава на неа. Спиеме на смени. Дежураме додека на се пронајде убиецот и не се открие мотивот на злосторството- вели Марјановиќ.
Зоран инаку обезбедил и обезбедување за својата петгодишна ќерка.
-Сакам обезбедувањето да не тргне поглед од Јана, додека се не се заврши – рекол Марјановиќ.
Тој истакнува дека човекот кој е приведен на поменот на Јелена бил единстевн кој и се јавувал на мајка и на Јелена, Зорица.
-Тој Никола е единствен кој и се јавувал на Зорица, а да ни таа ни било кој друг не го познава – нагласил Марјановиќ.
Никола Маријоковиќ, според сознанијата не е поврзан со злосторството, но е предупреден од полицијата да престане да го прогонува семејството на Јелена.
Тврдел дека Јелена ја запознал преку сестра му, која е почината. Исто така навел дека Јелена, на која и се воодушевувал, не би ја повредил. Одведен е и на полиграф, кој покажал дека тој нема врска со убиството на пејачката. Проверено е и кај неговиот шеф, кој рекол дека кобниот 2 април, Никола бил на работа попладне- изјавил за Блиц извор запознаен со истрагата.
Никола своевремено им велел на своите колеги дека со Јелена одел во исто основно училиште во Борча, но во училиштето рекле дека ученик со тоа име немале.
Маријоковиќ бил опседнат со познати личности, за што сведочи и неговиот профил на Фејсбук, на кој има слики со естрадни ѕвезди.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ќе го заменам Душко со помлад: Јелена Карлеуша проговори за кризата на средни години!
-
Реши да го сруши интернетот: Карлеуша ја покажа совршената линија
-
Невиден пресврт: Дедото на Јелена Ѓоковиќ го грабнале соседи?
-
Душко годишно ќе заработува 5,8 милиони па ја честеше жената: Јелена Карлеуша купува авион од 2 милиони евра!