| четврток, 6 декември 2018 |

Слушнете го евровизискиот настап на Калиопи (ВИДЕО)

Силен настап и одлично претставување имаше вечерва Калиопи. Таа беше една од ретките кои настапија на својот мајчин јазик, а „Дона“ ечеше низ целата „Глоуб“ арена во Стокхолм.

Резултатите од второто полуфинале се очекуваат после 23 часот, кога ќе знаеме дали Македонија обезбеди пласман во финалето.

За потсетување, во последните осум години на учество, нашата земја само еднаш влезе во финале, и тоа баш со Калиопи во 2012 година во Баку.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top