Никола Маријоковиќ (31) кој вчера беше приведен во полиција после 40 дневниот помен на пејачката Јелена Марјановиќ, останал без работа во супермаркетот во кој работел како месар, тврдат мештаните.
Маријоковиќ, како што дознава српски Телеграф, работел во продавница во Белград која припаѓа на познат синџир супермеркети. Во неа бил запослен како месар, меѓутоа по вчерашните случувања, него денеска го дочекал отказ.
Луѓето кои пазарат во овој супермаркет имаат само пофалби за него.
Маријоковиќ после испитувањето во полиција, каде го поминал полиграфот, пуштен е дома и не е осомничен за убиството на Јелена.
Инаку тој бил голем фан на пејачката и изгледа тоа е причината што дошол и на нејзиниот гроб. Тој живее во центарот на Белград, но извесно време престојувал во Дом за напуштени деца.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.