| четврток, 6 декември 2018 |

Денови на детски филмови во Охрид

Во НУ Центар за култура „Григор Прличев“- Охрид ќе бидат прикажани детските филмови „Детето фантом“ и “Пим и Пом – Големата авантура”…

“Детето фантом” -синхронизиран на македонски јазик.

ВТОРНИК 17.05.2016 година, почеток 19.00 часот, влез 100 денари.

„Детето фантом“, синхронизиран на македонски и на албански јазик, е всушност Лео, 11-годишно момче од Њуjорк, кое е суперхерој. Лео е во болница и страда од сериозна болест, но дознава дека може да го напушта телото и да лета низ градот, да поминува низ ѕидови како фантом. Се спријателува со Алекс, полицаец, кој привремено е во инвалидска количка. Принудени се да внимаваат на Мари, своеглава новинарка, која тргнува во потрага по злосторникот, а во која Алекс е тајно вљубен. Тие тројца треба да го спасат градот од лошиот и криминален шеф. Станува збор за продукција од 2015 година во режија на Жан-Луп Фелисиоли и Алан Гањол. Филмот трае 84 минути.

“Пим и Пом – Големата авантура” -синхронизиран на македонски јазик.

СРЕДА 18.05.2016 година, почеток 19.00 часот, влез 100 денари.

Раскажува за пријателството меѓу импулсивните и авантуристички Пим и Пом кое ќе биде ставено на тест, кога тие се соочуваат со обидуваат да го најдат патот до дома. Пим и Пом се најдобри пријатели кои живеат заедно со „Дамата“. Но, кога нејзините внуки доаѓаат на посета сакаат да ги киднапираат Пим и Пом за да ги имаат само за себе. Откако успеваат да се спасат од девојчињата, мачките мора да научат да живеат на улица. Дали Пим и Пом ќе успеат да го најдат патот до дома? Овој музички, мирен, со доза акција има стилизиран изглед што потсетува на 1960-те и сигурно ќе измами насмевки и кај мајките и татковците. Филмот од 2014 година е во режија на Глорија Смит. Истиот трае 70 минути. Освен номинации на филмските фестивали холандскиот „Синекид“ и „Црни ноќи“ во Талин, ја доби и наградата на Детското жири на Чикаго интернационалниот детски филмски фестивал.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top