Претставата „Пукна срам“ е првата голема театарска премиера, воедно и актерско деби на нашата пејачка Тијана Дапчевиќ, која живее и работи во Белград.
Тијана Дапчевиќ со својата прва улога докажа дека може да застане рамо до рамо со дипломираните актерки, судејќи по реакциите на публиката во Театарот „Бошко Буха“, се само дел од реакциите и пофалбите на српските медиуми по премиерата.
Во претставата Тијана е неписмена Босанка, а со нејзиниот партнер, актерот Мики Дамјановиќ, низ комични ситуации ги прикажуваат предизвиците со кои се соочуваат балканските млади брачни двојки.
Најголемата поддршка за Тијана доаѓаше од првите редови на театарот од каде што ја бодреле сестра ѝ Тамара Додевска, мајка ѝ Биљана и колешката Калиопи Букле. Честитки за добрата доза смеење на Тијана и на Мики им упатиле колегите Дара Џокиќ, Бода Нинковиќ, Марко Живиќ, Милица Зариќ, Неда Арнериќ, Борка Томовиќ и Нада Мацанковиќ. На првата белградска изведба на претставата дошле и славниот кошаркар Владе Дивац со сопругата Ана и со ќерката Петра, Милојко Пантиќ, Драган Брајовиќ Браја, Верица Ракочевиќ, Игор Лазиќ и други.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)