| четврток, 6 декември 2018 |

Од 1 јуни фудбал ќе се игра по нови правила и веќе ништо нема да биде исто

Меѓународниот одбор на фудбалски сојузи ИФАБ, тело задолжено за фудбалските правила, во моментов врши ревизија и веќе има широк спектар на промени кои ќе стапат на сила на ЕВРО 2016 ова лето.
Fudbalske ekipe čekaju nova pravila igre

Најголемата промена што не очекува е обидот да се укине т.н. тројна казна за влијаење на очигледна можност за постигнување гол.

Фаул направен во единаесетник направен за да се псотигне чист гол веќе нема да се казнува со автоматски црвен картон и со исклучување фудбалер ако играчот што го направил одел директно на топката.

Листа на павила:

  • Медицинските тимови ќе можат на играчите на терен да им приужат пократка помош (20 секунди) ако фаулот врз нив резултирал со жолт картон.
  • Офсајдите ќе се изведуваат од месотто каде што е направен фаулот наместо од позиција накоја бил играчот кога сидијата мафнал со знаменцето
  • Играчите кои го напуштиле теренот поради промена на опрема веќе нема да мораат да чекаат прекин за да се вратат во игра.

ИФАБ ќе воведува „казнени голови“

Во скора иднина ИФАБ би можело да воведе „казнени голови“, односно за да се спречи играње со рака во обид да се спаси гол, како она што го направи Луис Суарез на Светското првенство во 2010 година. Суарез играше со рака и така спаси гол на Уругвај, но и покрај неговото исклучување во последните минути на четвртфиналето успеа да помине, зашто Асамоа Гијан промаши гол, а тимот победи по изведувањето на пеналите.

Во иднина ваквите ситуации би можеле да се решаваат со ддоделување на гол на оштетената екипа без изведување пенали.

Goal-line technology is tested during England's International friendly football match against Belgium at Wembley Stadium in London, England on June 2, 2012. AFP PHOTO/IAN KINGTON NOT FOR ADVERTISING USE/RESTRICTED TO EDITORIAL USE        (Photo credit should read IAN KINGTON/AFP/GettyImages)

  • Играчите од клупа и персонал од тимот кои ќе ја попречуваат играта, ќе бидат казнети со директен слободен удар, а не со индиректен.
  • Судијата ќе може да изрече дисциплински мерки и во текот на загревањето и додека се играчите во тунелот, додека порано тоа беше можно само по почетокот на натпреварот. Во случај на некој играч да му биде доделен црвен картон заради тепачка или кавга, тимот ќе може да направи замена и да ја започне играта со 11 играчи.
  • Играчот мора да ја изведе топката од аут со двете раце, а не само со една, а со другата да наведува.
  • Играчот кој случајно ќе остане без коппачка ќе може да продолжи да игра до првиот прекин, а подгаќите кои се носат под шорцот, ќе мора да бидат во иста боја како шорцот или дресот.
  • Во текот на изведувањето на пеналите, пеналот нема да биде завршен се додека се движи топката. Оваа одлука е резултат на ситуацијата во финалето на купот во Марко кога голман одбрани пенал и истрча да прослави, а по интервенцијата топката продолжи да се движи и заврши во голот.
  • Играчи како Меси и Роналдо кои во текот на изведувањеот на пенали изведуваат финти ќе бидат казнети со жилт картон или индиректен удар што ќе ѝ бидe доделен на противничката екипа. Нема да биде дозволено повторување на пеналот, а подзапирање во текот на изведувањето на пеналот ќе остане дозволено.
  • Пауза за вода е дозволена само „во многу топли и многу влажни услови за игра“.

Овие промени ќе почнат да се променуваат во целиот свет од 1 јуни!

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top