| четврток, 6 декември 2018 |

Видео: Троицки го нападна судијата! (ВИДЕО)

Натпреварот од второто коло на мастерс тенискиот турнирот во Рим меѓу Јапонецот Кеи Нишикори и Србинот Виктор Троицки ќе остане запамтен по една судиска одлука која приреди вистинско шоу.

Троицки го доби првиот сет со 7:5, а во вториот при резултат 1:1, сервираше и бурно реагираше по одлуката на францускиот судија, Реноа Лихтенштајн. По ударот на Нишикори, линискиот судија позади Србинот извика “аут”, и тоа во истиот момент кога Виктор го удри топчето. Потоа главниот судија изврши корекција и утврди дека топчето паднало во терен, па по таа основа поенот му го додели на Јапонецот, што го разлути Троицки.

troicki

Ова го правиш цело време, значи цело време, беа зборовите на српскиот тенисер, а бура настана кога Троицки загуби сервис гем и дојде до Лихтенштајн со испружени раце, како да се тресе од страв:

Ти така реагираш во овие ситуации. Да беше обратно, не би донел таква одлука. Имаш страв од тенисерите што се во топ 10, искоментира Троицки, при што судијата додаде: “Викторе, знаеш дека тоа не е точно”.

 

Мечот помеѓу Троицки и Нишикори заврши со победа на Јапонецот од 2:1 во сетови (7:5, 2:6, 3:6).

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top