Познатите личности прошетаа на црвениот килим на Интернационалниот филмски фестивал, 69-ти по ред, кој почна денеска и ќе трае до недела 22 мај, кога ќе биде прогласен овогодинешниот добитник на Златна палма.
Фестивалот ќе биде отворен со новиот филм на Вуди Ален „Високо друштво“, во кој главните улоги ги играат Кристен Стјуарт и Џеси Ејзенберг.
Тоа е трет филм на Вуди Ален кој го отвора престижниот фестивал на Азурниот брег, по филмот „Холивудски крај“ кој го отвори фестивалот во Кан во 2001 година и „Полноќ во Париз“ од 2011 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.